УТРО.мк

Хаким Рамадани поднел приговори по вториот круг локални избори во Брвеница

Хаким Рамадани поднел приговори по вториот круг локални избори во Брвеница
Vero

До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска претпладне се поднесени 16 приговори за постапката на сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори одржани на 2 ноември. Рокот за поднесување приговори завршува денеска во 16:30 часот, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати.

Хаким Рамадани, поддржан од ВЛЕН, поднел приговори за резултатите на избирачките места 2032, 2033, 2034 и 2035 во Брвеница. Во оваа општина победник во вториот круг е Јовица Илиевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со 4.374 гласа, додека Рамадани освоил 4.224 гласа.

Коалицијата „Твоја Македонија“ поднела 10 приговори за избирачките места во Шуто Оризари, а Сојузот на Ромите има поднесено приговори за гласачките места 2961, 2962 и 2966 во истата општина. Таму победник е Курто Дудуш од Унијата на Ромите со 3.894 гласа, а Ерџан Демир од коалицијата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ добил 3.406 гласа.

Коалицијата „Искуство за успех“, која го поддржуваше Стевчо Јакимовски, поднела приговори за резултатите на избирачките места 2613 и 2631 во општина Карпош. Таму победник е Сотир Лукровски, кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со 13.512 гласа, додека Јакимовски освоил 12.378 гласа.

Според информациите од ДИК, седница за одлучување по приговорите најверојатно ќе се одржи утре.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран