Повеќе делови од Тетово и околните населени места утре ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции во електро-мрежата, информираат од операторот.
Во градот Тетово, делови од населбите Блок 70, Стамбена, Ленин, Саат маало и Катастар, како и централното градско подрачје и дел од болницата, ќе останат без напојување во периодот од 05:30 до 05:45 часот.
Во селата Слатина и Орашје прекин е најавен од 09:00 до 14:30/15:00 часот, во зависност од локацијата.
Прекин на електрична енергија ќе има и во селата Бозовце, Веќе, Бродец и Вејшала во периодот од 10:00 до 15:30 часот.
Во Лавце и Селце струја ќе нема од 11:00 до 13:15 часот.
Од надлежните апелираат граѓаните навремено да се прилагодат на најавените прекини.























