УТРО.мк

Трамп: Мајми ќе стане прибежиште за луѓе кои „бегаат од комунизмот во Њујорк“

Трамп: Мајми ќе стане прибежиште за луѓе кои „бегаат од комунизмот во Њујорк“
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат јавно ја коментираше победата на Зохран Мамдани на изборите за градоначалник на Њујорк, обвинувајќи ја Демократската партија за „екстремизам“ и тврдејќи дека изборниот исход ја покажува политичката насока кон која, според него, демократите ја туркаат државата.

Зборувајќи на бизнис форум во Мајми, Трамп го нарече Мамдани „комунист“ и додаде дека резултатот ја отсликува политиката на демократските конгресмени во Вашингтон. „Ако сакате да видите што демократите сакаат да направат со Америка, погледнете го Њујорк, каде што нивната партија постави комунист за градоначалник на најголемиот град“, изјави тој.

Иако претходно најавуваше можност за намалување на федералното финансирање на градот, Трамп овој пат остави простор за соработка. „Ќе видиме како ќе се снајде. Можеби ќе им помогнеме. Сакаме Њујорк да биде успешен“, рече претседателот.

Трамп истакна дека „Америка нема да стане комунистичка“ и предупреди дека Мајми „наскоро ќе стане прибежиште за луѓе кои бегаат од комунизмот во Њујорк“, алудирајќи на неговото тврдење дека политиката во градот оди во крајно лева насока.

Коментарите доаѓаат откако Мамдани победи против републиканецот Кертис Слива и поранешниот гувернер Ендру Куомо, кој се кандидираше како независен. Трамп јавно го поддржа Куомо еден ден пред изборите, но по поразот оцени дека „изборот пред Американците е јасен – комунизам или здрав разум“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран