Балканот се соочува со нов студен бран, кој донесе обилни врнежи од дожд, пониски температури и прв снег на високите планини. На Копаоник веќе е забележана снежна покривка, додека густата магла го намалила видливоста на терените и објектите.
Според Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ), северните предели ќе имаат претежно сончево време, додека во јужните и југоисточните делови, особено на планините, се очекува слаб снег во утринските часови. Температурите утрово на Копаоник изнесувале околу 0°C, додека најтопло било во Сомбор со 12°C.
Снегот се спушти и на планините над 1.500 метри, покривајќи делови од Златар, Голија, Кукавица, Пештера и Косово и Метохија. Студениот фронт донесе пад на температурите до 10 степени, силни ветрови и обилни врнежи, со најинтензивни дождови во Словенија, северна Хрватска и Јадранот.
Прогнозите покажуваат дека студеното време ќе се задржи неколку дена, со утрински температури под 5 степени и можност за нови снежни врнежи на планините.























