Скопје, 5 ноември – Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во емисијата „Дебат во Шења“, истакна дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, направил две стратегиски грешки на локалните избори.
„Првата е што шест-седум општини ги препушти на Алијансите на Таравари и Села, кои денес покажуваат резултати од нула – ниту една не победи. Втората е што не кажа дека ќе се бори во другите општини, туку рече дека него го интересираат само Тетово и Чаир, со нагласок на Чаир. Ние ја прифативме оваа предизвикувачка ситуација и во Чаир и во Тетово убедливо победи ВЛЕН“, изјави Меџити, додавајќи дека и во руралните општини околу Скопје и Тетово речиси сите победи се на ВЛЕН.























