УТРО.мк

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори
Vero

До денеска претпладне до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени вкупно 16 приговори за постапката на сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори, што се одржа на 2 ноември. Рокот за поднесување на приговори завршува денеска во 16:30 часот, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати.

Приговори поднел Хаким Рамадани, поддржан од Влен, за избирачките места 2032, 2033, 2034 и 2035 во општина Брвеница. Во оваа општина во вториот круг победи Јовица Илиевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со 4.374 гласа, додека Рамадани освои 4.224 гласа.

Коалицијата „Твоја Македонија“ поднела десет приговори за избирачките места 2955, 2956, 2956/1, 2959, 2959/1, 2961, 2961/1, 2971, 2971/1 и 2973 во Шуто Оризари. И Сојузот на Ромите поднел приговори за гласачките места 2961, 2962 и 2966 во истата општина. Во Шуто Оризари, победник е Курто Дудуш од Унијата на Ромите со 3.894 гласа, додека Ерџан Демир, поддржан од коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, освои 3.406 гласа.

Коалицијата „Искуство за успех“, која го поддржуваше Стевчо Јакимовски, поднела приговори за гласањето во Карпош за избирачките места 2613 и 2631. Во оваа општина победи кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, со 13.512 гласа, додека Јакимовски освои 12.378 гласа.

Според ДИК, седница за одлучување по поднесените приговори најверојатно ќе се одржи утре.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран