УТРО.мк

Мицкоски и Герапетритис разговарале за одличната клима во билатералните односи

Мицкоски и Герапетритис разговарале за одличната клима во билатералните односи
Vero

Портпаролката на грчкото МНР, Лана Зохиу, изјави дека премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, на средбата на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан во Лондон, се осврнале на многу добрата клима во билатералните односи.

Средбата се одржа на 22 октомври, а на неа се разговарало за продолжување и продлабочување на соработката во трговијата и инвестициите, како и за темите што беа на агендата на претходната средба на Герапетритис со Тимчо Муцунски во Атина.

Зохиу истакна дека Грција ја повторила поддршката за пристапната перспектива на Западен Балкан, нагласувајќи дека интеграцијата треба да се спроведува со почитување на европското законодавство, меѓународното право, демократските принципи, владеењето на правото, како и добрососедските односи и регионалната соработка.

Министерот, како што посочи Зохиу, исто така нагласил дека на народите на Западен Балкан треба да им се даде јасна визија за забрзување на интеграцијата, процес кој започнал со грчката иницијатива преку Солунската агенда пред 22 години.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран