УТРО.мк

Лишени од слобода возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со скоро 100 км на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол

Лишени од слобода возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со скоро 100 км на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол
Vero

На 04.11.2025 во 16:04 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано Превалец, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.А.(47) од Битола. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „јагуар“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 179 километри на час на место каде максимално дозволената брзина со сообраќаен знак е ограничена на 80 километри на час.

На 05.11.2025 во 02:00 часот на ул.„Тризла” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Е.(22) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.Е., и при преземање мерки констатирано е дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,75 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настаните против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран