УТРО.мк

Почина најбогатиот човек во Велика Британија

Почина најбогатиот човек во Велика Британија
Vero

На 85-годишна возраст почина Гопичанд Хиндуја, најбогатиот човек во Велика Британија и лидер на моќната семејна група Hinduja Group. Компанијата е мултинационален конгломерат кој делува во 11 сектори, вклучувајќи финансии, медиуми, забава и нафтена индустрија, со околу 200.000 вработени ширум светот.

Хиндуја ја трансформира скромната семејна текстилна и трговска фирма во глобална корпорација и една од најголемите индиски компании. Семејството Хиндуја беше прво на листата на најбогати на Sunday Times со проценето богатство од 35,3 милијарди фунти, а според Forbes, Гопичанд беше 11-ти најбогат Индиец во 2024 година.

Хиндуја беше втор најстар од четворицата браќа кои децении заедно управуваа со семејните бизниси. Сега не е познато кој ќе го преземе водењето на конгломератот, но најмладиот брат, Ашок, го надгледува деловното работење во Индија, вклучувајќи ја компанијата за производство на камиони Ashok Leyland.

Hinduja Group делува во 48 земји и поседува луксузни недвижнини во Лондон, вклучувајќи и хотели и вили, како и луксузен хотел Old War Office во центарот на Лондон, каде гостите можат да преноќат во некогашниот кабинет на Винстон Черчил по цена од 18.000 до 25.000 фунти по ноќ.

Гопичанд Хиндуја беше и во центарот на контроверзната „афера Хиндуја“ во 2001 година, поврзана со барање за државјанство за брат му Пракаш, по донација од семејството за проектот Millennium Dome, што доведе до оставка на тогашниот британски министер Петер Манделсон. Претходно, семејството беше осудено во Швајцарија за злоупотреба на домашен слуга во вила во Женева.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран