На комерцијални сателитски снимки првпат се појавија два прототипа на кинески стелт-ловци од шестата генерација, снимени надвор од нивните матични бази. Според магазинот The War Zone, станува збор за моделите J-36 и J-XDS, забележани во тајно воздушно постројство кај нуклеарниот полигон Лоп Нур на северозападот од Кина.
J-36, со големо делта-крило и препознатлива камуфлажа, бил забележан на 27 август, а J-XDS на истата локација неколку недели подоцна. Досега овие авиони биле видени само во близина на фабриките на „Ченгду“ и „Шењанг“.
Базата кај Лоп Нур, позната и по врските со кинескиот вселенски програм, има писта долга над пет километри и моментално се проширува со нови хангарски и тест-објекти, поради што многумина ја споредуваат со американската „Area 51“.
Сателитските анализи покажуваат дека J-36 има распон на крила од околу 20 метри, додека J-XDS е нешто помал со 15 метри, што ги вбројува меѓу најголемите и најнапредни тактички авиони во Кина.
Овие снимки потврдуваат дека Кина значително го забрзува развојот на борбени технологии и ловци од нова генерација, вклучувајќи и беспилотни летала.
Çin’in yeni nesil insanlı Hava Üstünlüğü Savaş Uçağı J-36.#J36pic.twitter.com/7o4qCMEFS9— Nihat Topalakcı(@NihatTopalakci)December 28, 2024























