WhatsApp работи на нова функција која ќе им овозможи на корисниците лесно да испраќаат аудио пораки по пропуштени повици, објави WABetaInfo. Според нивните информации, функцијата е забележана во бета верзијата 2.25.23.21 за Android.
Новата опција функционира вака: доколку корисникот повика некого и лицето не се јави, на екранот ќе се појави кратенка „Сними гласовна порака“ покрај стандардните „Повикај повторно“ и „Откажи“. Исто така, оваа кратенка ќе се појавува и во разговорот со таа личност, овозможувајќи испраќање на аудио порака директно и брзо.
Сепак, останува можноста гласовните пораки да се снимаат и на вообичаениот начин преку иконата со спајалица во разговорот. Новите кратенки се наменети да го направат процесот поедноставен и поинтуитивен.
Според WABetaInfo, функцијата моментално е достапна само за некои бета-тестери на Android, а сè уште не е познато кога и дали ќе биде објавена за сите корисници.