УТРО.мк

Повеќе од 10.000 хотели во Европа поднесоа колективна тужба против Booking.com

Повеќе од 10.000 хотели во Европа поднесоа колективна тужба против Booking.com
Vero

Повеќе од 10.000 европски хотели поднесоа колективна тужба против Booking.com

Над 10.000 хотели низ Европа започнаа колективна тужба против платформата Booking.com, со седиште во Амстердам, барајќи надомест на штета поради загубите предизвикани од употребата на таканаречената „клаузула за најдобра цена“.

Што е „клаузула за најдобра цена“?

Овие клаузули им забранувале на хотелите да нудат пониски цени на своите официјални веб-страници, со цел да се спречи гостите, откако ќе го пронајдат хотелот на Booking.com, да направат директна резервација со поповолни услови.

Хотелиерите се повикуваат на пресудата на Судот на Европската унија од 19 септември 2024 година, со која оваа пракса е прогласена за незаконска. Судот оцени дека платформите како Booking.com можат да функционираат и без вакви рестрикции.

По влегувањето во сила на европскиот Закон за дигитални пазари (DMA) во 2024 година, Booking.com ги отстрани спорните клаузули за пазарот во ЕУ.

„Доста беa неправедни услови“

„Европските хотелиери со години беа принудени да работат под неправедни услови и да поднесуваат преголеми трошоци“, изјави Александрос Василикос, претседател на европското здружение на хотелската индустрија HOTREC.

Тој додаде: „Време е да се обединиме и да побараме правична отштета.“

Судски процес во Холандија

Колективната тужба, која доби поддршка од повеќе од 30 национални здруженија на хотелиери, има за цел да обезбеди компензација за периодот од 2004 до 2024 година.

Случајот ќе го води холандски суд, а целокупната правна координација ќе ја преземе фондацијата Hotel Claims Alliance.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран