Најновата генерација на преклопни смартфони на Samsung – Galaxy Z Fold 7 и Flip 7 – бележи огромен интерес во САД, каде што бројот на преднарачки е највисок досега за ваков тип уреди. Според податоците на компанијата, побарувачката пораснала за повеќе од 25% во однос на минатата година, додека кај телекомуникациските оператори е забележан раст од дури 60%.
И покрај тоа што почетната цена за Fold 7 надминува 2.100 евра, тоа не ги одвратило купувачите. Напротив – Samsung постигна значаен комерцијален успех, особено со моделот Fold 7, кој доминира во продажбата.
Интересен е и изборот на бои: скоро 50% од купувачите се одлучиле за сина варијанта „Blue Shadow“, избегнувајќи ги традиционалните бои. Кај Flip 7, пак, најбарана е „Coral Red“, која сочинува четвртина од сите преднарачки.
Од компанијата истакнуваат дека првата недела од реалната продажба исто така ги надминала очекувањата, со резултати за 25% подобри од ланските модели. Слични рекорди веќе беа регистрирани и во Јужна Кореја, додека европските податоци сè уште се очекуваат.