УТРО.мк

Македонија на Глобал Гејм Џем: 120 креативци, 37 нови игри

Македонија на Глобал Гејм Џем: 120 креативци, 37 нови игри
Vero

Скопје и Битола годинава беа центри на креативноста во Македонија, домаќини на најголемиот маратони на видео игри – „Глобал Гејм Џем“. По 14-ти пат, ова глобално натпреварување се одржа и повторно собра енергија, талент и иновации што го потврдуваат растечкиот потенцијал на македонската гејм индустрија.

Интересот за учество достигна нови височини: 120 учесници од сите генерации се пријавија за да креираат игри во рок од само 48 часа. Најмладите учесници беа две групи од по 10-годишни пријатели, со огромна желба да создаваат – тие учествуваа под симпатичното име „НМТ – Најмалите Тука“.

Резултатите се импресивни. Вкупно беа создадени 37 игри: 25 во Скопје и 12 во Битола. Македонија со тоа се најде меѓу земјите со најмногу изработени игри во Југоисточна Европа, потврдувајќи дека сцената на гејм девелопмент тука е жива и амбициозна.

Наградите годинава беа внимателно дизајнирани да го истакнат талентот во различни аспекти на креирањето. „Ѕвезда во Подем“ ја освоија младите креатори на платформер играта „ЛабРатс“, додека тимот „Тим Неспиени“ беше награден за најдобра музика со нивниот внимателно создаден звук и саундтрак.

Тимот „Локо Кроко“ го освои признанието за „Најдобра Друштвена Игра“ со картната игра инспирирана од познатиот „Balatro“, додека „The Unfortionated Seven“ добија награда за „Епско Кодирање“ за VR игра создадена целосно од нивни сопствени ресурси, со потенцијал да стане комерцијален проект. „Elon Mask“ пак ја доби наградата за „Пиксел Перфект Игра“, иако според нив, името било случајно, инспирација без врска со играта. И конечно, највисокото признание „Најдобра игра“ отиде кај тимот „СИБИТИ“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран