УТРО.мк

Хокејската арена во Милано сè уште не е довршена, а ЗОИ почуваат за четири дена

Хокејската арена во Милано сè уште не е довршена, а ЗОИ почуваат за четири дена
Vero

Само четири дена пред почетокот на Зимските олимписки игри во Милано, новата хокејска арена „Милано Сантаџулија“ сè уште не е довршена. Иако треба да биде централна сцена на турнирот за златен медал, просторот со капацитет од 11.800 седишта е исполнет со градежен материјал, отпад и недовршени инсталации. Ложите, прес-центарот, угостителските простории, лифтовите и тоалетите сè уште се покриени со заштитни пластики, а повеќето пристапни патишта околу арената се затворени.

Првата официјална акција ќе биде дуелот меѓу Италија и Франција во женскиот турнир на 5 февруари, а веднаш потоа следуваат финалните натпревари за златен медал на Олимписките игри кои ќе се одржат од 6 до 22 февруари. Иако струјата и водата функционираат, завршните работи се во полн замав – над илјада работници работат во три смени, 24 часа дневно, за да го готов објектот на време.

Ова не е првпат арената да предизвика загриженост. Ледената површина е пократка од стандардите на НХЛ – 60 метри наместо пропишаните 61, што создава ризик од поопасни судири. „Ако мразот не е безбеден, играчите нема да настапат“, предупреди Бил Дејли, заменик-комесар на НХЛ, уште во ноември. Сепак, лигата останува посветена на учеството на Олимписките игри по првпат по Сочи 2014. Тест-натпреварот во јануари покажа дека арената е функционална, иако мразот кратко бил отстранет за итна поправка на мал дефект.

Организаторите уверуваат дека сè ќе биде подготвено навреме. „Нема план Б за арената“, признаваат тие, иако дел од женските натпревари би можеле да се преселат во помалата привремена арена „Милано Ро“ во рамки на саемскиот комплекс Фиера Милано.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран