
Кривична пријава против полициски службеник за „оддавање на службена тајна“
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против А.Ј., полициски службеник во ПС ОН Ѓорче Петров поради основи на сомнение за сторно кривично дело ,,оддавање на службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик.
На 20.12.2025 од управител на угостителски објект во Скопје пријавени се кривични дела „оштетување на туѓи предмети“ и „изнуда“. Постапувајќи по пријавата за „оштетување на туѓи предмети“, на пријавениот полициски службеник од страна на управителот му бил испратен видео запис од безбедносни камери во врска со пријавеното кривично дело. Пријавениот видео записот преку социјалната мрежа „инстаграм“ го испратил односно го сторил достапен на лице кое издржува казна затвор во КПД „Затвор Прилеп“, кој воедно од страна на управителот бил пријавен за кривичното дело „изнуда“.























