
Кога станува збор за снег, Јапонија ги надминува сите очекувања. Според податоците на Accuweather, три јапонски градови со над 100.000 жители држат врвни позиции на листата на најснежни места на планетата – и тоа со значителна предност пред Канада, Русија или Норвешка.
На самиот врв е Аомори, главниот град на истоимениот регион и најголемиот град на главниот јапонски остров. Овој град секоја година се под белиот притисок на просечни 7,9 метри снег, кој ги покрива улиците од ноември до април. Тротоарите стануваат непроодни додека снегот и мразот се натрупуваат, а чистачите на снег непрестано се борат да ги одржат патиштата проодни.
Сапоро, најголемиот град на островот Хокаидо, не заостанува – со околу 4,85 метри снег годишно, тој е домаќин на светски познатиот зимски фестивал Јуки Мацури, каде улиците оживуваат со огромни снежни и ледени скулптури. Тојама, пак, сместен на брегот на Јапонското Море, годишно прима околу 3,6 метри снег, што ја потврдува репутацијата на земјата како снежна империја.
Но што ја прави Јапонија толку снежна? Метеоролозите истакнуваат дека тајната лежи во уникатната комбинација од клима, море и планини. Студениот воздух од Сибир се движи кон Јапонското Море, каде што се „судира“ со топлите, влажни воздушни маси. Резултатот е огромно создавање на облаци и непрекинат снег кој понекогаш паѓа со денови.























