УТРО.мк

Муцунски ќе ја претставува Македонија меѓу светските лидери на Самитот за влади во Дубаи

Муцунски ќе ја претставува Македонија меѓу светските лидери на Самитот за влади во Дубаи
Vero

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, отпатува денес во Обединетите Арапски Емирати, каде ќе ја претставува Македонија на Светскиот самит за влади во Дубаи. Настанот, кој годинава се одржува под мотото „Обликување на идните влади“, привлекува импресивна меѓународна публика: над 35 шефови на држави, 20 лидери на глобални организации и повеќе од 500 министри од различни земји.

Главниот фокус на Муцунски на самитот ќе биде глобалната трговија и логистика, а неговото обраќање на панел-дискусијата посветена на новите промени во логистичкиот поредок се очекува да ги истакне приоритетите на Македонија во овие клучни области.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран