УТРО.мк

Хакерски напад врз Booking.com: Пристап до податоци за резервации на дел од корисниците

Хакерски напад врз Booking.com: Пристап до податоци за резервации на дел од корисниците
Vero

Глобалната платформа за резервации на сместување Booking.com ги информираше своите корисници дека била мета на сајбер-напад, при кој неовластени лица успеале да дојдат до дел од податоците поврзани со резервации и кориснички профили.

Од компанијата со седиште во Амстердам соопштуваат дека, веднаш по откривањето на сомнителната активност, биле преземени мерки за ограничување на пристапот и спречување на понатамошно пробивање на системот. Како дел од тие чекори, биле ресетирани ПИН-кодовите поврзани со засегнатите резервации, а корисниците биле директно известени.

Иако точниот број на погодени лица сè уште не е објавен, компанијата нагласува дека, според досегашната истрага, нема докази за компромитирање на финансиски податоци. Сепак, хакерите можеби имале увид во имиња, е-пошти, телефонски броеви, адреси и детали за самите резервации, како и во дополнителни информации што клиентите можеби ги споделиле со објектите за сместување.

Во известувањата испратени до корисниците се наведува дека компромитираните податоци може да опфаќаат поширок сет на информации поврзани со престојот и комуникацијата околу резервациите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран