УТРО.мк

Италија воведува забрана за мобилни телефони во средните училишта

Италија воведува забрана за мобилни телефони во средните училишта
Vero

Мобилните телефони ќе бидат целосно забранети за користење за време на наставата и за учениците од средните училишта, соопшти италијанското Министерство за образование.

Новата уредба ќе стапи на сила од почетокот на новата учебна година, веднаш по летниот распуст. Досега, забраната важеше претежно за ученици до околу 15-годишна возраст, додека сега ќе ги опфати и повозрасните ученици.

Министерот за образование, Џузепе Валдитара, ја објави мерката, нагласувајќи дека целта е да се врати тишината и концентрацијата на часовите, со што ќе се создаде подобра средина за учење.

Според уредбата, мобилните телефони ќе мора да се оставаат во посебно определени простории пред почетокот на наставата. Исклучоци ќе бидат дозволени само во одредени случаи, на пример за ученици со попречености на кои мобилниот уред им е неопходен.

Министерот се повика на истражувања кои укажуваат дека прекумерната или неправилна употреба на мобилни телефони може негативно да влијае врз менталното здравје, благосостојбата и училишниот успех на младите.

Прашањето за ограничување на употребата на мобилни уреди во образовните институции е актуелна тема и во голем број други европски земји.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран