УТРО.мк

Зеленски најави одмазда на Русија поради нападите на енергетскиот сектор

Зеленски најави одмазда на Русија поради нападите на енергетскиот сектор
Vero

Руски напади со дронови на енергетски објекти во северна и јужна Украина оставија околу 60.000 домаќинства без електрична енергија. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави одмазднички акции со нови удари длабоко на руска територија, откако се состана со врховниот украински генерал Александар Сирски.

Најтешко погодена е областа Одека, особено пристанишниот град Чорноморск, каде што се оштетени домови и административни згради. Во северната регија Чернихив, руските дронови оставија 30.000 домаќинства без струја. Украинската војска соопшти дека ноќта биле нападнати со 142 дрона, од кои повеќето биле соборени, но 10 локации биле погодени.

И покрај тврдењата на Кремљ за успешна летна офанзива, украинските сили потврдуваат дека Русија не успеала да воспостави целосна контрола над ниту еден поголем град. Меѓународната заедница и понатаму повикува на мир и преговори, додека конфликтот ескалира со нови удари и разорување на цивилна инфраструктура.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран