УТРО.мк

САД ќе ја поддржат европската војска во Украина: Вон дер Лејен потврди „Работиме на прецизни планови за испраќање војска“

САД ќе ја поддржат европската војска во Украина: Вон дер Лејен потврди „Работиме на прецизни планови за испраќање војска“
Vero

Европската унија изготвува „доста прецизни планови“ за испраќање мултинационални сили во Украина како дел од поствоените безбедносни гаранции, кои ќе имаат американска поддршка, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула Вон дер Лејен, во интервју за Financial Times.

„Претседателот Трамп нè увери дека во рамките на овој безбедносен контекст ќе постои американско присуство“, рече Вон дер Лејен, додавајќи дека тоа било „многу јасно и повеќепати потврдено“.

Според извештајот, овој проект би вклучувал десетици илјади војници предводени од Европа, кои би добивале поддршка од САД преку командни и контролните системи, како и преку разузнавачки и надзорни ресурси. Договорот бил постигнат помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и високи европски лидери минатиот месец.

Европските лидери, вклучувајќи го германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и претседателката на Европската комисија, ќе се сретнат в четврток во Париз, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон, за да ги продолжат високите разговори за Украина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран