Најмалку три лица загинаа, а 94 се повредени кога патнички воз излета од шините во египетската област Матрух, во северниот дел на земјата.
Несреќата се случила на линијата Александрија–Матрух, кога возот од засега непознати причини излетал од шините, при што се превртеле повеќе вагони, јавуваат светските медиуми.
На местото на несреќата биле испратени 30 амбулантни возила. Повредените се пренесени во централната болница во Даба и во болницата во Рас ел Хекма, каде што им е укажана медицинска помош.