УТРО.мк

За што се подготвува Германија – повторно воведува задолжителна воена служба за мажи над 18 години

За што се подготвува Германија – повторно воведува задолжителна воена служба за мажи над 18 години
Vero

Германија се подготвува за повторно воведување на задолжителна воена служба за сите мажи над 18 години, откако владеачките партии ЦДУ/ЦСУ и СПД постигнаа договор со министерот за одбрана Борис Писториус. Очекувањата се дека законот наскоро ќе биде формално изгласан, јавува германскиот „Билд“.

Сите мажи кои ќе бидат опфатени со законот ќе мора да се регистрираат и да поминат лекарски прегледи. Во случај да не се пријави доволен број доброволци, ќе се користи систем на лотарија за избор на преостанатите кандидати за воена служба.

Тие што ќе служат преку овој систем ќе примаат бруто плата од 2.600 евра, а оние кои ќе останат подолго од предвиденото ќе добијат дополнителни бонуси, вклучувајќи субвенција за полагање на возачки испит.

Целта на законот е создавање резервен состав од околу 200.000 војници кои би можеле брзо да се мобилизираат во случај на национална вонредна состојба. Волонтерите ќе поминуваат основна обука за чуварски и обезбедувачки должности, при што привилегираниот статус на војник, вклучувајќи сеопфатна здравствена заштита, ќе се доделува само на оние кои служат подолго од една година.

Регрутирањето е задолжително само за мажи, кои прво треба да пополнат прашалник за здравствената состојба и мотивацијата. Жените можат да се вклучат исклучиво доброволно, бидејќи германскиот Устав не предвидува задолжителна служба за нив.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран