УТРО.мк

Лавров: Ова е причината зошто Трамп одбил да преговара со Путин

Лавров: Ова е причината зошто Трамп одбил да преговара со Путин
Vero

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, откри дека најавената средба меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, во Будимпешта била откажана поради „тајни извештаи“ што ги добил американскиот лидер.

„Од каде и од кого дошле тие извештаи до Трамп, не е познато. Но можам да потврдам дека тој или го одложил или целосно го откажал самитот врз основа на тие информации“, изјави Лавров, пренесува руската агенција ТАСС.

Шефот на руската дипломатија нагласи дека двата лидери се договориле за средба лице в лице во телефонски разговор кон средината на октомври, а Будимпешта била избрана како неутрална локација. Меѓутоа, неколку дена подоцна Трамп изјавил дека „не сака да губи време“, по што средбата била укината.

„Немам намера да реагирам на лагите дека Русија не била подготвена за разговори. Остануваме отворени за втор самит во Будимпешта, ако истиот се темели на резултатите од преговорите во Алјаска“, додаде Лавров, потенцирајќи дека контактите меѓу Москва и Вашингтон продолжуваат и покрај откажувањето на средбата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран