УТРО.мк

Зеленски: Никој нема да ги принуди нашите војници да умрат заради градови во рушевини

Зеленски: Никој нема да ги принуди нашите војници да умрат заради градови во рушевини
Vero

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Европската Унија да ги надмине своите внатрешни поделби околу користењето на замрзнатите руски средства, истакнувајќи дека новото финансирање е клучно за економијата на Украина, која е сериозно погодена од војната.

„Се надевам дека ќе ја донесеме оваа одлука. Ако не, ќе мораме да најдеме алтернатива, тоа е прашање на нашиот опстанок. Затоа ни е итно потребна поддршката на нашите партнери“, изјави Зеленски за Блумберг.

Европската Унија ја одложи одлуката за користење на замрзнатите руски средства за „кредит за репарација“ од 140 милијарди евра за Украина, со нов рок во декември. Во меѓувреме, Русија продолжува со напади на украинската енергетска инфраструктура, обидувајќи се да ја ослаби економијата пред зимските месеци.

Зеленски посочи дека средствата од замрзнатите руски средства би можеле да помогнат за набавка на воздушна одбрана и производство на беспилотни летала за напади врз руски цели, додавајќи дека Украина веќе произведува пресретнувачки беспилотни летала во соработка со САД.

Тој го оцени упадот на беспилотни летала и борбени авиони во воздушниот простор на НАТО како дел од „психолошко заплашување“ од страна на Владимир Путин, кое имало за цел да ја поколеба Европа и да ја намали подготвеноста за помош на Украина.

Во однос на воената ситуација, Зеленски нагласи дека украинските сили нема да бидат принудени да се жртвуваат за урнатини и дека одлуките за евентуално повлекување се оставени на командантите на терен. Тој изјави дека Украина не може да го напушти источниот дел од земјата, бидејќи тоа би претставувало сигнал за понатамошни руските напредувања.

„Главната грижа ни се нашите војници. Никој нема да ги примора да умрат заради урнатини“, заклучи Зеленски, нагласувајќи дека одбраната на Покровск и целиот источен регион е критична за продолжување на отпорот против Русија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран