УТРО.мк

Во сообраќајна несреќа загина соработничка на Трамп

Во сообраќајна несреќа загина соработничка на Трамп
Vero

Трагедија во Малибу: Софија Хачинс, поранешна соработничка на Трамп, загина во сообраќајна несреќа

Софија Хачинс (29), активистка и поранешна соработничка на Доналд Трамп, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи во близина на домот на Кејтлин Џенер во Малибу, јавува New York Post.

Хачинс, која беше долгогодишна пријателка на Кејтлин Џенер и соработничка во кампањата на Доналд Трамп, управувала со квад во моментот кога удрила во автомобил. Софија починала на местото на несреќата, додека во инцидентот нема други повредени.

Не е познато каде се наоѓала Кејтлин Џенер во моментот на несреќата, објави New York Times.

На својот Инстаграм профил, Софија имаше фотографија со американскиот претседател на САД, Доналд Трамп, со кого порано соработуваше.

Двете, Кејтлин Џенер и Софија Хачинс, која е трансродова личност, се запознале во 2015 година, по јавната објава на Џенер за својата промена на пол. Софија учествувала во неколку епизоди од реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“ каде што се говореше за трансродовоста и животот по промена на пол.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран