УТРО.мк

(ВИДЕО) УЛИЦАТА НЕ Е ЏАМИЈА: Австралиската полиција буквално со сила растера верски обред во центарот на Сиднеј

(ВИДЕО) УЛИЦАТА НЕ Е ЏАМИЈА: Австралиската полиција буквално со сила растера верски обред во центарот на Сиднеј
Vero

Австралиската полиција интервенираше во центарот на Сиднеј откако група верници ја блокирале јавна улица за да извршат верски обред, покажува видео кое се шири на социјалните мрежи.


На снимката се гледаат лица кои клечат на коловозот и се молат, додека полицајци и редари им наредуваат да ја напуштат локацијата. Според објавите, интервенцијата следела поради нарушување на јавниот ред и непречено одвивање на сообраќајот.


Од полицијата засега нема официјално соопштение дали имало приведувања или поднесени прекршочни пријави. Локалните власти во Австралија повеќепати имаат истакнато дека верските слободи се загарантирани, но дека јавните простори не смеат да се користат на начин што ги блокира улиците и ја загрозува безбедноста.


Настанот предизвика бројни реакции и поделени мислења на социјалните мрежи, каде дел од корисниците ја поддржуваат полициската постапка, додека други ја оценуваат како прекумерна.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран