
Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, заедно со колегите министри, ги презентираше заложбите на Владата за заштита и одржливо управување со регионот.























