
Во Иран се уапсени неколку истакнати реформистички политичари, меѓу кои и Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, пренесуваат медиумите. Иранската новинска агенција потврди дека четворица политичари се приведени, но не ги именуваше. Тие се обвинети за поттикнување и ширење на лажни наративи.
Меѓу приведените е и Ебрахим Асгарсадех, познат критичар на тврдокорното иранско раководство и поранешен член на градскиот совет на Техеран, како и Мохсен Аминзадех, поранешен заменик-министер за надворешни работи.
Апсењата следуваат по масовните протести на крајот на декември, кои започнаа како реакција на продлабочувањето на економската криза и брзо прераснаа во национални демонстрации против авторитарната власт во земјата.























