
СВР Битола во соработка со Одделот за криминалистичка полиција и РЦГР Запад и Југ поднесе кривична пријава против 40-годишниот В.П. од село Стење, Ресенско, кој престојува во Битола, и против непознато лице, поради сомнение за измама.
На 5 февруари, пријавените измамиле 72-годишна битолчанка, тврдејќи дека нејзината снаа е тешко повредена и дека треба да плати за итна операција. Жената им дала златна огрлица и ланче со привезоци вредни околу 40.000 денари.
Следниот ден, на 6 февруари, истите лица измамиле и 76-годишна битолчанка и нејзиниот сопруг, лажно претставувајќи се како доктори и барајќи итна помош за нивната внука. Оштетените им предале 7.000 евра.
По пријавите, полицијата извршила претреси на повеќе локации користени од првопријавениот и пронашла предмети од криминалното дело. В.П. е лишен од слобода и му е определен осумдневен притвор, а трага и по второпријавеното лице.























