Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека во раните утрински часови во вторникот извршила нов ракетен напад врз територијата на Израел, при што, според нивните наводи, меѓу целите било и седиштето на израелската разузнавачка служба Мосад во Херцлија, северно од Тел Авив.
Во соопштението на ИРГЦ се наведува дека и покрај присуството на „најсовремени одбранбени системи“, иранските балистички ракети го погодиле „центарот за планирање терористички операции“ на Мосад во Тел Авив, кој по нападот бил зафатен од пожар.
„Воздушните сили на ИРГЦ успешно го погодија командниот центар на Мосад. Објектот моментално гори“, се вели во соопштението што го пренесе иранската новинска агенција ИРНА. Истиот извор тврди дека мета на ударите била и израелската воено-разузнавачка служба Аман.
Според ирански и израелски медиуми, нападот бил насочен кон зградата каде што се наоѓаат Мосад и озлогласената разузнавачка Единица 8200, специјализирана за сајбер-операции и електронски надзор. На социјалните мрежи се појавија видеа за кои се тврди дека го прикажуваат моментот на ударот во објект во областа Глилот, каде се наоѓаат клучни израелски разузнавачки капацитети. По нападот, над Херцлија и околината се издигнаа густи облаци чад.
Иранските власти тврдат дека ракетниот напад е дел од „континуираната одмазда за постојаната агресија на Израел и кршењето на суверенитетот на други држави“. Агенцијата Тасним објави снимки на кои, според нив, се гледа директен погодок во објект поврзан со Мосад.
Израелските медиуми за сега известуваат под строга воена цензура и не е официјално потврдено дали навистина бил погоден објект на Мосад, ниту дали има жртви. Израелските власти сè уште не се огласиле со коментар.
Областа Глилот се смета за „срце“ на израелската разузнавачка заедница, каде што е сместена и Единицата 8200, клучна за електронското прислушување, сајбер-безбедноста и пресретнувањето на комуникации. Доколку се потврдат информациите за директен погодок, тоа би бил еден од најдрските ирански напади врз израелски воени и безбедносни структури во последниве децении.
BREAKING: Major Damage Reported in Israel After Iranian Strikes — Mossad HQ Possibly HitEarly reports indicate that today’s wave of Iranian missile and drone strikes caused significant damage in multiple Israeli locations.Unconfirmed but widely circulating claims suggest…pic.twitter.com/rIruDSolNf— DD Geopolitics (@DD_Geopolitics)June 17, 2025