УТРО.мк

Повеќе од 50 загинати во најновите израелски напади на Појасот Газа – ги чекале камионите со хуманитарна помош

Повеќе од 50 загинати во најновите израелски напади на Појасот Газа – ги чекале камионите со хуманитарна помош
Vero

Повеќе од 50 загинати во израелски напад врз цивили во Хан Јунис додека чекале хуманитарна помош

Повеќе од 50 лица загинаа, а десетици се повредени во денешниот израелски напад врз градот Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Според истите извори, израелските сили отвориле оган врз цивили додека тие чекале на распределба на хуманитарна помош од Обединетите нации. Нападот се случил во близина на пункт каде редовно се доставува храна и друга итна помош за населението погодено од конфликтот.

Палестинските власти обвинуваат дека ваквите напади стануваат се почести и тврдат дека израелските сили често отвораат оган врз цивили кои се обидуваат да прибават основни прехранбени продукти од дистрибутивните центри раководени од Хуманитарната фондација Газа – организација која има поддршка и од САД и од Израел.

Израелската армија досега не го коментираше последниот напад, но во претходни инциденти призна дека испукувала т.н. „предупредувачки“ истрели кон луѓе кои, според нивните проценки, се приближувале сомнително блиску до воени позиции.

Хуманитарните организации повторно апелираат за прекин на огнот и безбеден пристап до помош за цивилите, оценувајќи дека ситуацијата на теренот станува сѐ понеодржлива.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран