УТРО.мк

Трамп објави порака од амбасадорот во Израел: „Бог те избра за овој момент“

Трамп објави порака од амбасадорот во Израел: „Бог те избра за овој момент“
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика нови реакции откако на својата социјална мрежа Truth Social ја сподели пораката на американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, во која тој го опишува како „избран од Бог“ за моментот што го живееме.

„Не верувам дека постоел ваков момент уште од времето на Труман и основањето на државата Израел“, стои во пораката на Хакаби. „Бог те избра за овој момент“, додава амбасадорот, алудирајќи на историската тежина на актуелните геополитички случувања.

Пораката доаѓа во време на сериозна ескалација на тензиите меѓу Израел и Иран. Администрацијата на Трамп се обидува да го балансира својот став – јавно ја поддржува безбедноста на Израел, но истовремено, според дипломатски извори, се обидува да избегне поширока регионална конфронтација.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран