Ким Џонг Ун испраќа деминери и градежни работници за обнова на Курската област
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, донел одлука да испрати 1.000 деминери и 5.000 градежни работници во Русија, со цел деминирање и обнова на Курската област, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу.
Шојгу, кој е во посета на Пјонгјанг, соопшти дека двете земји постигнале договор за продолжување на конструктивната соработка, вклучително и ангажман на севернокорејски тимови во санацијата на руската територија оштетена од воени дејства.
„Соработката меѓу армиите на Русија и Северна Кореја е оценета како многу позитивна од обете страни“, истакна Шојгу, додавајќи дека оваа иницијатива претставува уште еден чекор кон зацврстување на билатералните односи меѓу двете земји.