УТРО.мк

(ВИДЕО) Брутален напад во Брисел: Го давеа 70-годишникот додека не се онесвести, па му го украдоа златниот ланец

(ВИДЕО) Брутален напад во Брисел: Го давеа 70-годишникот додека не се онесвести, па му го украдоа златниот ланец
Vero

Седумдесетгодишен маж бил брутално нападнат и ограбен во центарот на Брисел, во случај што предизвика големо внимание на социјалните мрежи и во белгиската јавност. Според информациите нападот се случил среде бел ден, во близина на детско игралиште.


Напаѓачите, за кои се тврди дека биле двајца илегални мигранти од Северна Африка, го нападнале постариот човек, го давеле сè додека не ја изгубил свеста, а потоа го фрлиле на земја и му го украле златниот ланец.


Сведоци велат дека мажот останал да лежи на тротоарот без воздух, со лицето свртено кон земјата, додека напаѓачите избегале од местото на настанот. Инцидентот се случил во дел од градот каде во тој момент имало и деца.


На социјалните мрежи се појави и видео од нападот и моментите по него, кое предизвика бурни реакции и нови дебати за безбедноста и мигрантската криза во белгиската престолнина.
Белгиските власти засега официјално не соопштија повеќе детали за здравствената состојба на нападнатиот маж, ниту дали напаѓачите се приведени.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран