УТРО.мк

Венс тврди дека победата на Украина во војната е „чиста фантазија“

Венс тврди дека победата на Украина во војната е „чиста фантазија“
Vero

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека идејата дека Украина е пред победа во војната со Русија доколку добие повеќе оружје, пари и санкциска поддршка од Вашингтон – е „чисто фантазирање“.

Во објава на мрежата Икс, Венс оцени дека критиките кон мировната рамка на која работи американската администрација произлегуваат од недоволно разбирање или намерно извртување на реалната состојба на теренот.

„Мирот нема да го донесат неуспешни дипломати или политичари што живеат во свет на фантазии. Можеби ќе го донесат паметни луѓе кои живеат во реалниот свет“, напиша тој.

Венс нагласи дека секој мировен план мора да го запре крвопролевањето, да го зачува украинскиот суверенитет, да биде прифатлив за двете држави и да ја зголеми шансата конфликтот да не се повтори.

Претседателот Доналд Трамп вчера соопшти дека 27 ноември е „соодветен рок“ Украина да го прифати мировниот предлог поддржан од САД.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно предупреди дека Киев е под еден од најсилните притисоци досега и дека ризикува да го загуби својот клучен партнер – или сопственото достоинство.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран