УТРО.мк

ЕУ згрозена: Трамп добил „Ролекс“ и златна плочка за намалување на царините на оваа земја?

ЕУ згрозена: Трамп добил „Ролекс“ и златна плочка за намалување на царините на оваа земја?
Vero

ЕУ и швајцарските власти го осудија луксузниот подарок – златен „Ролекс“ и гравирана златна полуга вредна околу 113.000 евра – што група швајцарски милијардери му ја подариле на американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека е даден за да се обезбеди намалување на американските царини кон Швајцарија.

Како што пренесува „Гардијан“, европратеникот Пасквале Тридико изјави дека е „згрозен“ од ваквите подароци, дадени само неколку недели пред Трамп да ги намали царините од 39 на 15 проценти. Претседателката на швајцарските Зелени, Лиза Масоне, оцени дека случајот покажува како „корумпираната логика на Трамп ја труе швајцарската елита“.

Подарокот станал јавен кога новинарите забележале нов „Ролекс“ на бирото во Овалната канцеларија, а потоа се утврдило дека моделот не се продава јавно. Златната полуга, украсена со бројките 45 и 47 во чест на двата мандати на Трамп, ја подарил Марван Шакарчи, шеф на швајцарска компанија за рафинирање злато.

Иако критичарите тврдат дека станува збор за недостојно лобирање, швајцарскиот министер за економија одби да го поврзе подарокот со царинскиот договор, нарекувајќи го намалувањето „големо олеснување“. Белата куќа исто така негира каква било врска меѓу подароците и одлуката, нагласувајќи дека Трамп делува единствено „во интерес на американскиот народ“.

Подароците, како и многу други, завршиле во Националниот архив, а дел од нив претседателот може да ги купи или да ги задржи, но со можност да бидат оданочени.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран