
Американскиот премиер Џеј-Ди Венс упати силна порака до Европа, истакнувајќи дека заслугите од минатото не треба да бидат изговор за сегашните грешки. „Тие секогаш се повикуваат на минатото: ние се боревме заедно во Втората светска војна, се боревме заедно во војната против тероризмот. Благодарни сме за тоа и среќни сме што имаме такви сојузници. Но тоа што направивте нешто паметно пред 25 години не значи дека сега не можете да направите нешто глупаво“, нагласи Венс, додавајќи нота на острина кон сегашните политики на Европа.



























