
На 4 јануари во Скопје, жена стана жртва на брутален напад од својот поранешен партнер. Според информации од полицијата, тој физички ја удирал повеќе пати по глава и тело, а потоа ја турнал од автомобил на бетонот меѓу столбчињата на коловозот. Инцидентот набрзо бил забележан од случаен минувач кој интервенирал и го пријавил нападот.
Жртвата веднаш била пренесена во болница за укажување лекарска помош. Полицијата потврдува дека осомничениот веднаш бил идентификуван, а судот му забрани приближување и контакт со жената.



























