УТРО.мк

Киев и Лавов под масовен руски ракетен напад

Киев и Лавов под масовен руски ракетен напад
Vero
eksplozija
eksplozija

Украина ја преживеа една од најтешките ноќи во последните месеци. Масовен руски напад со ракети и беспилотни летала ја потресе земјата од исток до запад, при што најмалку четири лица го загубија животот, а 19 беа повредени. Најпогодени беа главниот град Киев и западниот град Лавов, додека украинските власти анализираат дали во нападот била употребена хиперсоничната балистичка ракета „Орешник“.

Во Киев, експлозиите одекнуваа со часови. Според официјалните информации, меѓу загинатите е и болничар кој бил убиен додека им помагал на повредени, во таканаречен „двоен удар“ – тактика при која следен напад се изведува врз спасувачките екипи.

Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека 14 од повредените се хоспитализирани, а четворица медицински работници се ранети во округот Дарницки. Нападите оштетиле станбени објекти во повеќе делови од градот – Печерск, Десњански, Шевченковски, Днипровски и Дарницки. Во некои населби избувнаа пожари, дронови паѓаа во дворови и на детски игралишта, а ударните бранови кинеа покриви и фасади.

Поради погодената критична инфраструктура, делови од Киев останаа без струја и вода, дополнително зголемувајќи ја драмата за цивилното население.

Првите детонации се слушнале околу 23:45 часот, кога противвоздушната одбрана започнала да дејствува. Неколку часа подоцна, по предупредувањата за балистички ракети и полетување на руски борбени авиони, следувал нов бран напади. Околу 3 часот по полноќ, крстосувачки ракети повторно го погодија главниот град, во напад кој очигледно бил внимателно координиран и долготраен.

Истата ноќ, Русија го ракетираше и Лавов – град кој ретко е директна цел на ваков тип оружје. Градоначалникот Андриј Садовиј соопшти дека била погодена критичната инфраструктура. Украинската војска потврди дека станува збор за балистичка ракета лансирана од полигонот Капустин Јар во руската Астраханска област.

Според воздухопловните сили, ракетата се движела со брзина од околу 13.000 километри на час, што веднаш ги отвори сомнежите дека можеби е употребен проектилот „Орешник“. Официјална потврда сè уште нема, а типот на ракетата ќе биде утврден по детална техничка анализа.

Капустин Јар е познат како локација од која се лансира балистичкиот проектил со среден дострел „Орешник“ – оружје што Русија досега јавно го употреби само еднаш, во нападот врз Днипро во ноември 2024 година. Станува збор за хиперсоничен систем способен да носи нуклеарни боеви глави, кој поради огромната брзина и нестандардната траекторија е исклучително тежок за пресретнување.

Дополнителна загриженост предизвикува неговото распоредување во Белорусија, што значително го скратува времето за предупредување за земјите на НАТО и го зголемува ризикот од поширока конфронтација.

Само неколку часа пред нападот, украинскиот претседател Володимир Зеленски јавно предупреди дека Москва подготвува нов масовен удар. Тој апелираше граѓаните строго да ги следат воздушните тревоги и да се засолнуваат.

И покрај разговорите за можни мировни решенија, Русија продолжува со интензивно бомбардирање, особено насочено кон енергетската инфраструктура. Како последица на претходните напади, повеќе од еден милион жители во Дњепропетровската област веќе се без вода, струја и греење – среде зима.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран