УТРО.мк

Ужас во Нигерија: Вооружени напаѓачи киднапирале повеќе од 200 деца

Ужас во Нигерија: Вооружени напаѓачи киднапирале повеќе од 200 деца
Vero

Наоружани напаѓачи денес киднапираа над 200 ученици од католички интернат во западниот дел на Нигерија, соопшти Христијанската асоцијација на Нигерија (CAN).

Портпаролот на CAN, Даниел Атари, изјави дека најновата во низата киднапирања во најнаселена африканска земја се случила во католичкото училиште „Света Марија“ во општината Папири, од каде што напаѓачите однеле 215 ученици и 12 наставници, пренесе AP.

Атари во соопштението додаде дека асоцијацијата работи „на обезбедување безбеден повраток“ на децата. Нигериската државна полиција соопшти дека киднапирањето се случило во раните утрински часови и дека воените и безбедносните сили веднаш биле распоредени на терен.

Училиштето „Света Марија“, кое го посетуваат деца од седум до 17 години, се наоѓа во близина на главниот пат што ги поврзува градовите Јелва и Моква. Во соопштението на државната влада се наведува дека киднапирањето се случило и покрај претходните предупредувања до училиштата за зголемени закани.

„За жал, ‘Света Марија’ повторно го отвори училиштето и продолжи со наставните активности без да ја извести или побара одобрување од државната влада, со што ги изложи учениците и персоналот на непотребен ризик“, стои во соопштението.

Католичката бискупија Кантагора соопшти дека еден припадник на обезбедувањето бил „тешко ранет“ за време на нападот. Ова киднапирање се случи само неколку дена откако вооружени лица во понеделник нападнаа средно училиште во соседната сојузна држава Кеби и киднапираа 25 ученички во местото Маги, околу 170 километри од Папири.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран