УТРО.мк

УЗБУНА ВО МОСКВА: Украина со масовен напад – дронови паѓаат над Русија од сите страни!

УЗБУНА ВО МОСКВА: Украина со масовен напад – дронови паѓаат над Русија од сите страни!
Vero

Ноќта зад нас донесе ескалација на конфликтот меѓу Украина и Русија – рускиот главен град беше во воена готовност откако украинските дронови започнаа масовен напад од сите правци.

Руското Министерство за одбрана објави дека биле неутрализирани вкупно 35 украински беспилотни летала, од кои три директно над Московскиот регион, што предизвика вонредна тревога кај тамошните жители.

Најголем дел од дроновите – девет – беа соборени над Брјанската област. Седум беа пресретнати над Ростовскиот регион, каде што, според локалните власти, отпад од соборените летала предизвикал пожари во дворовите на неколку куќи во селото Красни Сад.

Во Самара, три дрона се обиделе да погодат индустриски објект, но биле уништени на време. Нападите продолжија и во Тула, Калушка, Белгород и Курск – речиси цела западна и централна Русија беше под опсада.

Дрон е соборен и над Црното Море, што укажува дека нападот бил внимателно координиран и широко распространет.

Иако руските власти тврдат дека сите дронови биле успешно соборени, обемот и координацијата на нападот ја подигнаа напнатоста до максимум. Москва сè уште не одговорила со контра-удар, но тензиите се чувствуваат во воздухот.

Дали ова е само почеток на нова фаза во војната?

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран