УТРО.мк

Тројца туристи починаа во Истанбул, хотелот итно евакуиран – сите се сомневаат во едно нешто

Тројца туристи починаа во Истанбул, хотелот итно евакуиран – сите се сомневаат во едно нешто
Vero

Тројца туристи починаа во Истанбул, гостите евакуирани поради можна интоксикација со пестициди

Хотел во центарот на Истанбул беше целосно евакуиран по трагичен инцидент во кој три лица од турско-германско семејство починаа, а причината се истражува како можно труење со пестициди.

Семејството, Турци кои живеат во Германија, почувствувало нагло влошување на здравјето по оброк во ресторан во квартот Ортакој. Двете деца на возраст од три и шест години починале веднаш по хоспитализацијата, а мајката починала во петок. Таткото останува во тешка состојба.

Истрагата покажала дека пестициди биле употребени во простории на приземјето на хотелот, со можност токсичните материи да се прошириле и во другите соби. Двајца други гости од истиот хотел биле хоспитализирани со симптоми на труење.

Полицијата уапсила седум лица, меѓу кои хотелски работник и лица ангажирани за дератизација. Сите гости биле евакуирани и сместени на друга локација, додека се утврдува бројот на потенцијално погодени туристи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран