УТРО.мк

Кинезите тврдат: „Ова е лек што го запира стареењето“

Кинезите тврдат: „Ова е лек што го запира стареењето“
Vero

Главниот технолошки директор на кинеската компанија „Lonvi Biosciences“ од Шенжен, Лиу Ќингхуа, тврди дека во наредните години никој нема да боледува од рак, а животниот век може да достигне 150 години.

Според него, тоа е можно благодарение на нов лек кој уништува „зомби“ клетки – стари клетки што штетат на здравите – и компанијата успеала да произведе капсули со високи концентрации на овие молекули.

Извршниот директор на компанијата, Ип Зуо, вели дека ова „не е само уште една пилула, туку Светиот Грал“. Тие веруваат дека во комбинација со здрав начин на живот и квалитетна медицинска нега, луѓето би можеле да живеат 100 до 120 години.

Давид Фурман, професор во Калифорнија, оценува дека пилулите „делуваат ветувачки“, но потребни се големи клинички испитувања за да се потврди ефектот.

Компанијата се фокусира на соединението PCC1, екстракт од семе од грозје, кое според претходни истражувања го продолжува животниот век на глувци за околу 10% со селективно уништување на старите клетки.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран