Руски тенкови и единици направија брз продор во Запорожската област, приближувајќи се на само 3–4 километри од градот Гуљаљпоље, јавува украинскиот аналитичар Руслан Бортник.
Според него, руските сили за само една недела зазеле околу 149 км², што претставува најголем територијален губиток за Украина во последните месеци.
Најголемиот продор е на запорошко–дњепретовската оска, а веројатно е пресечена и клучната патна врска кон Покровск во зоната на селото Даниловка, што дополнително ја комплицира ситуацијата.
Бортник предупредува дека ако Русија продолжи со напредувањето, постои реална опасност Гуљаљпоље да биде полукружно опколено, а градот може да падне. На северниот и североисточниот фронт не се изградени сериозни утврдувања, што ја зголемува ранливоста на украинските позиции.
Украинските сили се соочуваат со голем предизвик да ја задржат линијата на утврдувања околу Варваровка, Прилуки, Добропоље и Ново Запорожје, особено по брзиот пад на утврдената зона Успеновски.























