УТРО.мк

Путин барал итни разговори?

Путин барал итни разговори?
Vero

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оствари телефонски разговор со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во кој разговарале за случувањата на Блискиот исток.

Главната тема била ситуацијата во Појасот Газа, особено спроведувањето на договорот за прекин на огнот и размената на израелски заложници и палестински затвореници. Исто така, разговарале за статусот на иранската нуклеарна програма и за напорите за стабилизација во Сирија.

Израелските медиуми наведуваат дека разговорот бил по иницијатива на рускиот лидер, со посебен фокус на Иран и Сирија. Претходниот месец Путин и Нетанјаху веќе разговарале за договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на САД, при што Москва ја потврди поддршката за сеопфатно решение на палестинското прашање.

Според извори на KAN News, кабинетот на Нетанјаху тесно соработува со Русија за решавање на повеќе прашања, вклучувајќи ги и тензиите меѓу САД и Русија поради војната во Украина.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран