Американскиот претседател Доналд Трамп повтори дека е подготвен да воведе нови санкции врз Русија, но само со посилен одговор од Европа и НАТО. Тој ги обвини европските сојузници за недоволен придонес и побара заострување на нивните мерки.
„Санкциите што ги воведуваат не се доволно строги. Подготвен сум на нови мерки, но тие мора да го сторат истото. НАТО и Европа мора да се обединат“, изјави Трамп.
Тој се осврна и на можноста за средба меѓу Зеленски и Путин, оценувајќи дека омразата меѓу нив е „несфатлива“. „Се мразат толку многу што не можат да дишат. Веројатно ќе морам јас да се вклучам, бидејќи тие не можат да разговараат едни со други“, рече тој.
Иако средбата не е потврдена, Трамп најави дека ќе има разговори, „без разлика дали ќе се нарече самит или собир“. Тој уште еднаш нагласи на човечката цена од војната, наведувајќи дека „речиси 8.000 млади војници загинале оваа недела“.