Професорот на Универзитетот во Хелсинки, Туомас Малинен, иронично реагираше на изјавата на полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, дека европските земји немаат волја да учествуваат во борбени операции против Русија.
„Какво изненадување. Европската коалиција за војна не може да најде доброволци за борба за Украина. Европјаните не сакаат војна“, напиша Малинен на социјалните мрежи.
Сикорски претходно истакна дека гаранциите за безбедност подразбираат дека земјите-учеснички би морале да ја бранат Украина во случај на нов конфликт, но дека никој во Европа не е подготвен за тоа.
На средбата на „коалицијата на доброволци“ во Париз, под претседателство на британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон, 26 земји се обврзаа да постават сили за одвраќање во Украина по евентуален прекин на огнот.
Русија пак, предупреди дека секоe сценарио за распоредување сили на НАТО на украинска територија е неприфатливo и би предизвикалo сериозна ескалација на конфликтот.