Израелскиот министер за национална безбедност, Итaмар Бен Гвир, изјави дека планира изградба на луксузно населба за израелски полицајци на руините во Пojaсот Газа.
„Ќе ја завршиме мисијата, ќе ја окупираме Газа и ќе подтикнеме доброволна емиграција“, рече Бен Гвир, во обраќање пред високи полициски офицери по повод Рош Хашaнa, еврејската нова година на 22 септември.
Тој најави дека населбата ќе биде луксузна, со високи згради и поглед на Средоземното море, и додаде дека е време за воведување на смртна казна за терористи.
Министерот претходно најави законски предлог за воведување на смртна казна, кој ќе биде разгледан утре во Комитетот за национална безбедност на Кнесетот, по неодамнешниот напад на автобус во Ерусалим.